УКРАИНСКАТА ВОЈНА ОДЛОЖИ МИСИЈА НА МАРС Европа не може да лансира без Роскосмос

Планот беше мисијата да отпочне есенва и роверот да пристигне на Марс во 2023 година.

1,082

Војната во Украина ги раскара Европската вселенска агенција(ЕСА) и руската „Роскосмос“ кои требаше заеднички да испратат ровер на Црвената планета, Марс. Роверот требаше да биде лансиран уште во 2020 година, но тогаш пандемијата ги наруши плановите. Две години подоцна, причината е тоа што ЕСА не се согласува со постапките на Русија во Украина.

 






„Жалиме за човечките жртви и трагичните последици од војната во Украина. Приоритет е да се донесат соодветни одлуки, не само за нашата работна сила во програмите, туку и за целосно почитување на европските вредности кои отсекогаш го обликувале нашиот пристап кон меѓународната соработка“, се вели во соопштението на ЕСА од 28 февруари, четири дена од почетокот на огнот.

Кога ќе се исполнат условите за продолжување на соработката, роверот „Егзо-Марс“ ќе трага по органски молекули и какви било знаци на живот на Марс. Планот беше мисијата да отпочне есенва и роверот да пристигне на Марс во 2023 година.

Поврзани содржини