УКРАИНЕЦ СТАНА СВЕТСКИ ПРВАК ВО БОКС Тешка категорија, тежок меч со Ентони Џошуа

Александар Усик е вториот боксер во историјата кој стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.

788

Украинецот Александар Усик му ја украде титулата на британецот Ентони Џоуша, синоќа во Лондон на боксерското шоу на стадионот на Тотенхем, јавува МИА. Украинецот победи со едногласна одлука на судиите, а го детронизириаше Џошуа кој е досегашниот шампион во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите во тешка категорија.

Резултатот кај тројцата судии беше 117:112, 116:112 и 115:113.






EPA-EFE/NEIL HALL

Усик е вториот боксер во историјата кој стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.

Украинецот го стори тоа многу побрзо од Холифилд. Тој го стори тоа по само 19 борби во професионалниот ринг.

Поврзани содржини