📽 УКРАИНЦИТЕ ЗА ПРВПАТ ПРОБИЈА НИЗ РУСКИТЕ ЗМЕЈСКИ ЗАБИ Тенковите влегуваат во Белгород додека Русите спремаат офанзива

Во регионот на Белгород Русите потрошија повеќе од 10 милијарди рубљи, околу 100 милиони евра за „модерни и сигурни утврдувања, напиша на Икс познатиот коментатор Антон Герашченко.

1,497

Украинските војници од 225-от посебен јуришен полк објавија снимки на кои се гледа како нивните оклопни возила ја пробиваат повеќеслојната руска одбрана во регионот на Белгород.

„По нашата акција во Курск, Русите ‘научија лекции’ и ги зајакнаа сите граници за да спречат нови пробиви. Во регионот на Белгород потрошија повеќе од 10 милијарди рубљи, околу 100 милиони евра за „модерни и сигурни утврдувања“, напиша на Икс познатиот коментатор Антон Герашченко.

 






На 8 април, Зеленски за прв пат официјално потврди дека украинските војници се присутни на руска територија, велејќи дека активните операции во пограничните области се оправдан одговор на руската агресија.

Зеленски исто така ги потврди изјавите на првиот украински генерал Олександр Сирски дека Русите почнале пролетна офанзвиа во регионите Харков и Суми. Според Зеленски, 67.000 руски војници се распоредени во правец на Курск.

 

Украинскиот претседател тврди дека најмалку 155 кинески граѓани се борат во редовите на руската војска против Украина. Ова се првите директни обвинувања од Киев дека Кина ја помага Русија со војници и доаѓаат откако двајца Кинези биле заробени во Доњецк оваа недела.

– Многу повеќе кинески граѓани се вклучени во војната, што е засновано врз информации собрани од владата –  рече Зеленски.

Поврзани содржини