УКРАИНЦИТЕ ВО КОНТРАНАПАД НА ХЕРСОН Се обидуваат да ја вратат територијата

Тие се бранеа многу паметно, вешто и креативно на места за кои веруваат дека се вистинските места за одбрана. И сега видовме дека на југ, во близина на Херсон, тие се обидуваат да ја вратат територијата, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

2,185

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД забележале индиции дека Украинците започнале контранапад во јужна Украина, во близина на клучниот поморски град Херсон, источно од Одеса, каде се обидуваат да ја вратат територијата.

– Тие се бранеа многу паметно, вешто и креативно на места за кои веруваат дека се вистинските места за одбрана. И сега видовме дека на југ, во близина на Херсон, тие се обидуваат да ја вратат територијата – изјави Кирби.






„Њујорк Тајмс“ објави фотографија тврдејќи дека Русите ги повлекле своите хеликоптери од стратешки важен аеродром во градот. Сателитските снимки од аеродромот, со и без хеликоптерите, се направени од компанијата „Планет Лабс“ во текот на шест последователни дена.

Поврзани содржини