УКРАИНЦИТЕ УТРЕ ЌЕ ПРОВОЦИРААТ? Москва вели дека се спрема инцидент во Запорожје

Како резултат на провокацијата, Русија ќе биде обвинета за предизвикување на катастрофата во електраната, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

790

Како што пренесува „Спутник“, официјален Киев наводно планира да изврши провокација при посетата на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

– Режимот во Киев планира напад врз централата во Запорожје на 19 август за време на посетата на генералниот секретар на Обединетите Нации. Како резултат на провокацијата, Русија ќе биде обвинета за предизвикување на катастрофата во електраната – соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.






Според последните информации, Гутереш веќе пристигнал во украинскиот град Лавов каде со Зеленски и со турскиот претседател ќе зборуваат за војната, житото и за централата во Запорожје.

За можната катастрофа во Запорожје предупредуваат многу експерти, но и политичари. Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, во разговор со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ги осуди „руските акции во и околу украинската нуклеарна централа Запорожје“, повторувајќи го продолжувањето на американската помош за одбранбените потреби на Украина, соопшти Стејт департментот.

Блинкен, како што изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, потврди дека САД ќе продолжат да повикуваат на „запирање на сите воени операции во или во близина на украинските нуклеарни постројки, да се вратат тие капацитети под целосна украинска контрола и да ја повикаат Москва да стави крај на војната против својот суверен сосед“.

Тој ги пофали украинските власти и операторите (на нуклеарни постројки) за нивната посветеност на нуклеарната безбедност и безбедност под сегашните услови.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, е под контрола на руската армија и во изминатите неколку дена, според руската страна, режимот во Киев извршил неколку напади врз областа на нуклеарната централа користејќи беспилотни летала, тешка артилерија и повеќеракетни фрлачи.

Некои од проектилите ја погодија инфраструктурата на нуклеарната централа, вклучително и капацитетите за складирање на нуклеарен отпад.

Поврзани содржини