УКРАИНЦИТЕ УПОТРЕБИЈА КАСЕТНА МУНИЦИЈА ВО РУСКИ БЕЛГОРОД „Корисна е за расчистување на голема пешадија“

„DPICM“ се бомби кои се отвораат во воздухот и ослободуваат повеќе помали бомби, или подмуниција, на широк простор. Тие се „многу корисни за расчистување на голема пешадија“, изјави претходно за Њузвик Сидарт Каушал, научен соработник во лондонскиот институт „Royal United Services“ .

3,330

Украина употреби касетна муниција за напад на руската погранична област Белгород, објави на Телеграм локалниот гувернер на регионот, Вјачеслав Гладков, јавува РИА. Гладков кажа дека Украинците го нападнале селото Журављовка користејќи ракетни фрлачи кои истрелуваат касетна муниција.

Во нападот немало жртви или материјална штета.






Истовремено, се појави видео на Твитер од 20 јули кое сугерира дека касетна муниција е употребена во селото Краснохоривка во источна Украина, пишува Њузвик.

САД се согласија да ѝ дадат оружје на Украина на почетокот на овој месец по неколкумесечна дебата, а Пентагон на 14 јули соопшти дека тие пристигнале во земјата разурната од војна. Киев постојано бараше касетна муниција која езабранета во повеќе од 120 земји , но не и во САД, Русија или Украина.

„DPICM“ се бомби кои се отвораат во воздухот и ослободуваат повеќе помали бомби, или подмуниција, на широк простор. Тие се „многу корисни за расчистување на голема пешадија“, изјави претходно за Њузвик Сидарт Каушал, научен соработник во лондонскиот институт „Royal United Services“ .

 

Американскиот претседател Џо Бајден за време на интервјуто за Си-Ен-Ен на 7 јули рече дека е „тешка одлука да се одобри трансферот на спорното оружје, но додаде:

– На Украинците им снемува муниција“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, исто така во четвртокот рече дека Украина користи касетна муниција испорачана од САД против руските сили.

– Добивме првични повратни информации од Украинците и тие ги користат доста ефективно – им рече Кирби на новинарите.

Поврзани содржини