УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЛЕ ЦЕЛИ НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА? Русите јавуваат за поголем број на повредени цивили

Соопштено е дека напади имало и во селото Климово, во регионот на Бријанск и на граничната станица Новје Јурковичи, во истиот регион. Во селото, при украинскиот напад, повредени биле осум лица, меѓу нив и дете и повозрасна жена, кои завршиле со потешки повреди.

527

Украинските сили вчера во четири наврати ја гранатираа територијата на Русија на границата со Украина, обвини руското Министерство за одбрана.

Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека Украинците погодиле цели во на селата Журавлеква и Сподарјушино во регионот на Белгород. Како што појасни, еден човек е полесно повреден. Во овие напади оштетени се станбени згради, тврди Министерството.






Беше соопштено и дека напади имало и во селото Климово, во регионот на Бријанск и на граничната станица Новје Јурковичи, во истиот регион. Во селото, при украинскиот напад, повредени биле осум лица, меѓу нив и дете и повозрасна жена, кои завршиле со потешки повреди.

Украина, досега, ниту ги потврди, ниту ги негираше овие напади.

Поврзани содржини