📽️ УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА КЛУЧЕН МОСТ ВО КУРСК Евакуацијата на 20.000 жители од околината е отежната

Потврдуваме дека противникот го нападнал мостот преку реката Сејм. Дел од Глушковскиот реон сега е отсечен за евакуација по копно, изјави локалниот службеник.

1,310

Украинските сили уништиле мост преку реката Сејм во Глушковскиот реон на руската област Курск, што ја отежнува евакуацијата на локалното население, јавува ТАСС, повикувајќи се на локален службеник од безбедносните структури.

Во Глушковскиот реон, каде живеат околу 20.000 луѓе, во тек е масовна евакуација поради неочекуваната украинска офанзива во Курската област.






„Потврдуваме дека противникот го нападнал мостот преку реката Сејм. Дел од Глушковскиот реон сега е отсечен за евакуација по копно“, изјави локалниот службеник.

 

Поврзани содржини