УКРАИНЦИТЕ НЕМААТ ДОВЕРБА ДЕКА ТРАМП ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ ПРАВЕДЕН МИР Европа ја гледаат како посигурен сојузник од САД
Повеќе од 50 отсто од Украинците ги критикуваат мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се плашат дека тие веројатно ќе доведат до делумно или целосно неправеден крај на руската војна против нивната земја.
Седумдесет и три отсто од Украинците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп не е добар за Украина, што е голем скок на недовербата од декември 2024 година, кога само 21 отсто го оцениле негативно, покажува истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев, објавено денеска.
„Минатиот декември, откако Трамп беше реизбран, но, пред да ја преземе функцијата, 54 отсто од Украинците веруваа дека новиот американски претседател ќе има позитивно влијание врз Украина. Само 19 отсто го мислат во март оваа година“, објави институтот.
Во анкетата спроведена меѓу 12 и 22 март, 55 отсто од Украинците одговориле дека очекуваат прилично или целосно нефер мировен договор од Трамп. Тоа е благ пад, во споредба со 58 отсто меѓу 14 февруари и 4 март, но значително зголемување во споредба со декември. Во декември 2024 година, 23 отсто од Украинците изразија уверување дека Трамп ќе донесе праведен мир, а потоа тој процент падна на 11 во анкетата меѓу 14 февруари и 4 март и се зголеми на 18 во анкетата меѓу 12 и 22 март, пренесуваат украинските медиуми.
Истражувањето наведува дека Украинците сега ја гледаат Европа како посигурен сојузник од САД. 64 отсто од испитаниците мислат дека европските партнери сакаат Украина да постигне мир под прифатливи услови, додека 24 отсто од испитаниците имаат такво мислење за САД.
Повеќе од 50 отсто од Украинците ги критикуваат мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се плашат дека тие веројатно ќе доведат до делумно или целосно неправеден крај на руската војна против нивната земја.
Според резултатите од истражувањето на 1.326 лица од територијата на Украина, 32 отсто од испитаниците рекле дека очекуваат „прилично нефер мир, со исполнување на некои украински барања“, додека 22 отсто рекле дека очекуваат „целосно нефер мир“.
Само 3 отсто од анкетираните рекле дека веруваат дека Трамп може да постигне праведен мир, додека 15 отсто рекле дека очекуваат „прилично праведен мир, со одредени отстапки за Русија“.