🎥 УКРАИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО РУСИЈА Се евакуира населението од руската Белгородска област

Началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков информира дека во областа се испратени транспортни возила.

737

Жителите на Краснојаружкиот округ во руската област се евакуирани поради украинските напади, изјави утрово началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

– Имаме алармантно утро, непријателска активност на границата на областа Краснојаружкиот округ. За да го заштитиме животот и здравјето на нашето население, почнуваме да ги преместуваме луѓето кои живеат во областа на побезбедни места – истакна Гладков.






Тој додаде дека веќе е почната евакуацијата и оти во областа се испратени транспортни возила.

Поврзани содржини