УКРАИНЦИТЕ ИМААТ ШАНСА ВО ЗАПОРОЖЈЕ Експлозии одекнаа и во Санкт Петербург, Курск, Одеса…
Во меѓувреме, експлозии на аеродромот Пулково на само 23 километри од Санкт Петербург оставија 100.000 луѓе без струја. Локалните жители виделе блесок. Руските власти не ја коментираат ситуацијата. Украина ретко презема одговорност за ваквите напади.
Украинците постигнале одреден напредок во контраофанзивата во регионот Запорожје, а за тој да се квалификува како значаен треба да се исполнат три претпоставки, анализира ИСВ, Институтот за проучување на војната во САД. Во написот се вели дека ситуацијата на фронтот е толку динамична што прерано е да се даде прогноза или потврда за ова.
Првата претпоставка на ИСВ е дека руските сили ги немаат потребните резерви или борбена моќ за одржување на одбранбената линија, додека втората е дека украинските сили ќе ја задржат сегашната моќ. Третата претпоставка е дека некои од руските позиции не се доволно минирани како утврдувањата што досега ги пробиле украинските сили.
Tonight’s report covers a very dynamic situation in the ongoing UKR counteroffensive near Orikhiv in w. Zaporizhia. The tactical situation is likely changing rapidly & it’s too soon to forecast if UKR will achieve an operational breakthrough in the sector🧵https://t.co/9buwsYlhky pic.twitter.com/2F3pg3HnfP
— ISW (@TheStudyofWar) September 25, 2023
Рускиот истражен комитет на Телеграм објави дека отвора истраги за украинските напади врз градот Токмак во окупираната област Запорожје, но и врз регионот Белгород, кој е во меѓународно признатите граници на Русија. Според комитетот, во Токмак најмалку тринаесет цивили биле повредени, а меѓу жртвите има три деца.
Утринава одекна ракетен напад во Одеса. Киев обвини дека Русите се одмаздуваат за минатонеделнито напад со ракети „Сторм сенка“ врз пристаништето Севастопол, кога беа уништени руски бродови. Украинското Министерство за одбрана сподели фотографија од местото на настанот во Одеса, на која се чини дека е десеткуван хотел во градот откако проектил го погодил во раните утрински часови.
„Патетичен обид да се одмаздите за нашиот успешен напад врз седиштето на руската морнарица во Севастопол“, вели министерството.
Во меѓувреме, експлозии на аеродромот Пулково на само 23 километри од Санкт Петербург оставија 100.000 луѓе без струја. Локалните жители виделе блесок. Руските власти не ја коментираат ситуацијата. Украина ретко презема одговорност за ваквите напади.
💥 Russia: After a large explosion, Pulkovo International Airport and surrounding residential areas lost electricity and water in Saint Petersburg. pic.twitter.com/NIasAUiGKL
— Igor Sushko (@igorsushko) September 24, 2023
Експлозии ги разбудија и жителите на руската област Курск. Локалните гувернери во одвоени изјави соопштија дека два дрона лансирани од Украина биле уништени над Белгород, а неколку приватни куќи и административна зграда биле оштетени.
Според првичните информации, во ниту еден од нападите нема жртви.