УКРАИНЦИТЕ ГРАНАТИРААТ ГРАД БЛИЗУ ХЕРСОН „Напаѓаат дење и ноќе, шумата гори“

Напаѓаат дење и ноќе континуирано, гледате, шумата гори на периферијата, изјави за РИА Новости работник на бензинска пумпа.

530

Руската државна новинска агенција РИА Новости јавува дека украинските сили интензивно го напаѓаат градот Олешки во областа Херсон. Олешки се наоѓа на источниот брег на реките Днепар, осум километри од градот Херсон. Херсон се наоѓа на западниот брег на реките Днепар.

Дописникот на РИА Новости јавува дека во градот се слушаат експлозии и звуци од пукотници од автомати од голем калибар, а над периферијата на градот се издига чад.






„Напаѓаат дење и ноќе континуирано, гледате, шумата гори на периферијата“, изјави за РИА Новости работник на бензинска пумпа.

Во градот не работи мобилната комуникација, затворени се продавниците и пазарот, јавува агенцијата.

Поврзани содржини