ДОЊЕЦК ПОД УКРАИНСКИ ГРАНАТИ Предизвикан голем пожар во центарот на градот (ВИДЕО)
Бргу по ракетите М-31, врз градот паднале и артилериските ракети истрелани од влечните хаубици М777 од американско производство.
Украинската војска рано утринава го нападна Доњецк. Истрелани биле ракети М-31 од повеќецевниот ракетен фрлач ХИМАРС. Ракетите полетале и паднале врз поширокиот центар на градот. Целта беше зградата на железничката управа на Доњецк . Бргу по ракетите М-31, врз градот паднале и артилериските ракети истрелани од влечните хаубици М777 од американско производство.
Donjeck u plamenu! pic.twitter.com/5V2Chf3gTI
— Pluton (@Pluton45873221) November 7, 2022
Се верува дека во нападот биле користени артилериските ракети Екскалибур. Во гаснењето на пожарот во градот учествуваат 60 пожарникари и 18 камиони.