🎥 УКРАИНЦИТЕ „ФРЛИЛЕ ОКО“ НА МОЌЕН РУСКИ АВИОН! На пилотот му понудиле пари и италијанско државјанство за да го приземји бомбардерот во Украина

За време на операцијата, Русија добила информации кои им помогнале на руските сили да го нападнат аеродромот Озерне во северозападна Украина и да го спречат обидот на Украина да го одземе рускиот стратешки бомбардер Ту-22М3.

531

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека го спречила обидот на Украина да организира киднапирањето на рускиот стратешки бомбардер Ту-22М3.

„Украинската разузнавачка служба имала намера да регрутира руски воен пилот за парична награда и за италијанско државјанство, со цел да го убедат да го приземји ракетниот носач во Украина“ – објави ФСБ на својата веб-страница.






За време на операцијата, Русија добила информации кои им помогнале на руските сили да го нападнат аеродромот Озерне во северозападна Украина, се додава во соопштението на ФСБ.

Ројтерс забележува дека нема прецизни информации кога се случила наводната операција или наводните напади на аеродромот Озерне во Житомир, Украина.

Поврзани содржини
na