УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ „СТИНГЕР“ РАКЕТИ ОД ЛИТВАНИЈА Посакувам никогаш да не треба да ги користат
Го зголемуваме бројот на воени инструктори во оваа земја и ѝ обезбедуваме на Украина дополнително оружје и опрема. Противвоздушните ракети „Стингер“ ќе пристигнат во Украина во наредните денови. Се надевам и искрено сакам Украина никогаш да не ги користи, истакна Шимоните.
Украина за неколку дена ќе добие противвоздушни ракети „Стингер“ од Литванија, најави литванската премиерка Ингрида Шимоните за време на посетата на Киев, посакувајќи дека земјата никогаш нема да треба да ги искористи.
Aviation missiles and Stinger MANPADS will be in Ukraine in a few days – the Prime Minister of Lithuania https://t.co/FIiCWx68Wz via @UKRINFORM #Ukraine pic.twitter.com/A3oWkTijlP
— Liveuamap (@Liveuamap) February 10, 2022
– Го зголемуваме бројот на воени инструктори во оваа земја и ѝ обезбедуваме на Украина дополнително оружје и опрема. Противвоздушните ракети „Стингер“ ќе пристигнат во Украина во наредните денови. Се надевам и искрено сакам Украина никогаш да не ги користи – истакна Шимоните.
Украина доби голема воена помош од земјите-членки на НАТО во изминатите неколку недели, а пристигна и одреден континент на војници, откако Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина.