УКРАИНЦИТЕ ДОСЕГА СОБОРИЛЕ 250 РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ Зеленски се пофали, „толку опрема немаат повеќето светски армии“
Русија нема да може да закрепне од таквите загуби. Им благодарам на сите наши борци за постепената и неповратна демилитаризација на непријателот, заклучи украинскиот претседател во ноќното обраќање до нацијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до нацијата кажа дека од почетокот на војната украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери.
– Вкупниот број на соборени руски хеликоптери е приближно 250. Руските окупатори веќе изгубија толку многу опрема, не само авиони, што повеќето светски армии едноставно немаат и никогаш нема да имаат – рече Зеленски.
– Русија нема да може да закрепне од таквите загуби. Им благодарам на сите наши борци за постепената и неповратна демилитаризација на непријателот -заклучи украинскиот претседател во ноќното обраќање до нацијата.