УКРАИНА ВО ЕУ Е ИНТЕРЕС САМО НА ЕВРОБИРОКРАТИТЕ Киев не исполнува ниту еден услов за влез, вели Захарова

Таму (во Украина) нема ништо: нема демократија, транспарентен судски систем, антикорупциско законодавство, речепортпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

260

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро се осврна на прашањето за пристапувањето на Украина кон Европската Унија. Таа изјавила дека Киев не исполнува ниту еден критериум за членство и дека, според неа, целиот процес е политички, а не вредносен.

– Мислам дека на луѓето кои знаат како функционира ЕУ и по кои критериуми земјите стануваат членки, апсолутно им е јасно дека Украина не исполнува ниту еден од поставените критериуми. Таму нема ништо: нема демократија, транспарентен судски систем, антикорупциско законодавство – рече Захарова.






Понатаму, таа нагласи дека приемот на Украина не е во интерес на обичните европски граѓани, туку на европските бирократи кои, според неа, донесуваат одлуки без консултација со земјите-членки.

– Додајте ја на тоа и тешката ситуација на европската економија, економијата на ЕУ, и ќе го добиете соодветниот резултат – заклучи Захарова.

Поврзани содржини