УКРАИНА ТРЕБА ДА УЧЕСТВУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ Мерц посочи дека Европа мора да му помогне на Киев

Во порака на социјалната мрежа Икс, претстојниот канцелар на Германија, Фридрих Мерц, ја повика Европа да ја стави Украина во „позиција на сила“ во тие преговори.

170

Победникот на парламентарните избори во Германија, конзервативецот Фридрих Мерц, повика Украина да биде вклучена во мировните преговори за ставање крај на војната на нејзино тло, додека, пак, САД директно преговараат со Русија за ова прашање, без Украина.






– За да се постигне праведен мир, нападнатата земја мора да биде дел од мировните преговори – рече лидерот на германските конзервативци, кој најверојатно ќе биде следниот канцелар што ќе го замени социјалдемократот Олаф Шолц.

Во порака на социјалната мрежа Икс, Мерц ја повика Европа да ја стави Украина во „позиција на сила“ во тие преговори.

Денеска се навршуваат точно 3 години од почетокот на руската инвазија врз Украина.

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ТРГНЕ ВО ДРУГА НАСОКА, БЕЗ ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ Што значи победата на Мерц за Европа?

Поврзани содржини