УКРАИНА СОБОРИЛА 23 ДРОНОВИ Биле лансирани од Крим

218

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.






Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Поврзани содржини