УКРАИНА СО НОВ ПРЕДЛОГ ДО РУСИЈА Велигденско примирје во три чекори

Подољак предлага да се прогласи „вистинско велигденско примирје“ над Мариупол, веднаш да се обезбедат хуманитарни коридори за цивилите и Руската Федерација да се согласи на специјална рунда преговори за размена на војската.

681

Михаил Подољак, советник на шефот на Претседателството на Украина, на Руската Федерација ѝ нуди специјални преговори поради постојаните напади на челичарата „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол.

Тој предложи Руската Федерација да размисли за „она што ѝ останало од угледот“.






„За да се направи тоа, потребни се само три Мариуполски чекори:

  1. Прогласете вистинско велигденско примирје над Мариупол.
  2. Веднаш да се обезбедат хуманитарни коридори за цивилите.
  3. Согласете се на „специјална рунда преговори за да се одземе/размени војската“, напиша Подољак на Твитер.

 

Поврзани содржини