УКРАИНА САМА ЌЕ ОДЛУЧУВА КАКО ЌЕ ЖИВЕЕ Зеленски по повод Денот на независноста на земјата
Ова е граница меѓу независна европска држава и број еден терористичка организација во светот. Пред 913 дена, особено преку областа Суми, Русија војуваше против нас. Таа ги прекрши не само суверените граници, туку и границите на суровоста и здравиот разум, сакајќи бескрајно да не уништи, изјави претседателот на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по повод Денот на независноста на земјата, дека Украина и Украинците самостојно ќе одлучат како да живеат, по кој пат да одат и какви избори да направат, бидејќи така функционира независноста.
Зеленски го изјави тоа во обраќањето до граѓаните на Украина, кое е снимено во регионот Суми, во близина на границата со Русија.
– Ова е граница меѓу независна европска држава и број еден терористичка организација во светот. Пред 913 дена, особено преку областа Суми, Русија војуваше против нас. Таа ги прекрши не само суверените граници, туку и границите на суровоста и здравиот разум, сакајќи бескрајно да не уништи – изјави тој.
Зеленски нагласи дека Русија сака да ја „уништи“ Украина, но војната „се врати во нејзиниот дом“.
Тој додаде дека Украина „изненади уште еднаш“ и вети дека Русија „ќе знае што е одмазда“.
Со започнувањето на својата инвазија во 2022 година, тој рече:
– Русија бараше една работа: да нѐ уништи. Наместо тоа, денес го славиме 33. Ден на независноста на Украина. И она што непријателот го донесе во нашата земја сега се врати во нејзиниот дом.