УКРАИНА РАЗМИСЛУВА ДА ГО ЗАТВОРИ ЗАПОРОЖЈЕ Не знаеме уште колку дизел-гориво има во помошните генератори

Потенцијално, би можеле да дојдеме до ситуација да истекува дизелот, што би предизвикало инцидент со оштетување на активните зони на реакторот, што би резултирало со ослободување на радиоактивни материи во животната средина. Ова не само што би имало последици за територијата на Украина, туку и прекугранични последици, предупреди Кориков.

508

„Опцијата за затворање на централата се разгледува, доколку се појават услови кои бараат затворање на централата“.

Вака на прес-конференција преку видео-врска изјави Олех Кориков, вршител на должноста шеф на Државниот нуклеарен регулаторен инспекторат на Украина. Според него Украина е загрижена што централата работи на струја добиена од дизел-гориво за кое не се знае колку го има во резерва.






Но, проблемот е што овие помошни дизел-генератори ќе мора да работат и откако централата ќе остане исклучена, вели водечкиот експерт, но не посочи кога тоа би можело да се случи. Да се надополни дизел-горуво во услови на војна и фронт, кога Русите ја држат под опсадата централата ќе биде исклучително тешко. Струјата ќе биде потребна да се ладат шесте реактори.

Истовремено, може да се случи и да истече дизелот од генераторите.

– Потенцијално, би можеле да дојдеме до ситуација да истекува дизелот, што би предизвикало инцидент со оштетување на активните зони на реакторот, што би резултирало со ослободување на радиоактивни материи во животната средина – предупреди тој.

– Ова не само што би имало последици за територијата на Украина, туку и прекугранични последици – посочи тој.

Исклучувањето на огромната нуклеарна централа со шест реактори дополнително ќе ја оптовари Украина, која веќе се подготвува за зима со недоволна енергија додека беснее војна на нејзиниот исток и југ.

Поврзани содржини