УКРАИНА ПОДГОТВУВА НОВИ УДАРИ ВРЗ РУСИЈА Зеленски најавува нови ракети и нови цели, тврди дека сите сили се подготвени
По тестирањето на домашните ракети, Зеленски најавува продолжување на офанзивата и зајакнување на преговарачката позиција на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев подготвува планови за нови воени операции на територијата на Руската Федерација. Неговите зборови ги пренесе Телеграм каналот на украинскиот весник „Страна.уа“, повикувајќи се на обраќањето на шефот на државата по тестирањето на нови домашни ракети.
Зеленски нагласи дека Украина располага со сите потребни средства и инфраструктура за продолжување на офанзивните операции.
– Сите сили и ресурси се подготвени, се планираат нови дипломатски и воени напади – порача тој по состанокот со врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски.
Оваа најава доаѓа во време кога Киев интензивно работи на развој на домашната ракетна технологија и обезбедување дополнителна воена и финансиска поддршка од западните сојузници.
Украинските функционери нагласуваат дека проширувањето на арсеналот е клучно за да се „врати војната во Русија“ и да се зајакне преговарачката позиција на Украина во идните мировни преговори.