УКРАИНА ПОЧНА ДА ИЗВЕЗУВА ПРЕКУ ХРВАТСКИТЕ ПРИСТАНИШТА Житото до Јадранот стигнува преку Дунав
Досега главните патишта за извоз на украинското жито секогаш одеа преку пристаништата на Црното Море, но Киев, по руската инвазија и особено откако тие се повлекоа од договорот за жито во средината на јули, активно почна да наоѓа алтернативни патишта.
Украина почна да го извезува своето жито преку пристаништата во Хрватска, во време кога нивните пристаништа во Црното Море се сè уште блокирани, изјави за Ројтерс висок функционер од Украина.
Досега главните патишта за извоз на украинското жито секогаш одеа преку пристаништата на Црното Море, но Киев, по руската инвазија и особено откако тие се повлекоа од договорот за жито во средината на јули, активно почна да наоѓа алтернативни патишта.
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, при посетата на Загреб на крајот на јули, истакна дека Украина и Хрватска се договориле за можно користење на хрватските пристаништа на Дунав и на Јадранот за извоз на жито.
– Украинското жито веќе е извезено преку хрватските пристаништа. Благодарни сме за оваа можност. Иако е споредна трговска рута, таа веќе ужива популарност – истакна во писмената изјава украинската вицепремиерка Јулија Свириденко.
Свириденко не посочи колку украинско жито се извезува преку хрватските пристаништа.
Откако Русија се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН кој гарантираше безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море, Киев сè повеќе ги користи своите пристаништа на Дунав за извоз на жито. Русија сега ја напаѓа и украинската пристанишна инфраструктура на Дунав.
Дел од извозот се транспортира и со железница, но украинските посредници велат дека железничките пратки до европските пристаништа се многу поскапи од директниот извоз преку украинските пристаништа.
Украинскиот синдикат УГА оваа недела соопшти дека комбинираната жетва на жито и маслодајни семиња во 2023 година би можела да достигне 80,5 милиони метрички тони, што значи дека околу 49 милиони тони би можеле да се извезат во сезоната 2023/24 јули-јуни.
Министерството за земјоделство овој месец соопшти дека извозот заклучно со 1 септември изнесува 4,5 милиони тони.