УКРАИНА ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА „Калуш Оркестра“ ги освои срцата на публиката (ВИДЕО)
Второто место му припадна на претставникот на Обединетото Кралство, третото на Шпанија, четврта беше Шведска, а Констракта од Србија заврши на петото место.
Вечерва се одржа финалето на 66. издание на Евровизија, а по гласањето на жирито и публиката беше објавено дека победник на годинашниот фестивал е Украина со освоени 631 глас.
Победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Стефанија“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.
Второто место му припадна на претставникот на Обединетото Кралство, третото на Шпанија, четврта беше Шведска, а Констракта од Србија заврши на петото место.
Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е овогодишниот победник на Евровизија.
За време на големото финале, вечерва настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска не се пласираше во големото финале. Таа за време на втората полуфинална вечер настапи со реден број 11 и ја испеа својата песна „Circles“.