УКРАИНА ОСТАНА БЕЗ ТРЕТИНА ОД ВОЈСКАТА ВО ЛИСИЧАНСК? Во моментов се одвива крвава битка

Во близината на Лисичанск се одвиваат интензивни судири, а според последните извештаи, во моментов се води прилично крвава битка со доста жртви. Отприлика третина од украинската војска се предала, додека две третини од силите сè уште се на терен, вели амбасадорот на ЛНР.

1,858

Третина од вкупниот број на војници распоредени во околината на градот Лисичанс им се предале на руските сили, соопшти амбасадорт на Народна Република Луганск (ЛНР) во Москва, Родион Мирошник.

– Во близината на Лисичанск се одвиваат интензивни судири, а според последните извештаи, во моментов се води прилично крвава битка со доста жртви. Отприлика третина од украинската војска се предала, додека две третини од силите сè уште се на терен – изјави Мирошник.






Амбасадорт на меѓународно непризнатата република, не кажа колкава бројка на украински војници е во заробеништво.

Оваа информација не е потврдена од другата страна на конфликтот. Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, во интервјуто за западните медиуми порача дека Украина нема да престане да се бори додека не ја протера странската војска од својата територија.

Поврзани содржини