УКРАИНА НИКОГАШ НЕ БЕШЕ НА МАСА За Киев во НАТО воопшто нема да се зборува

Прашањето за покана на Украина за членство во НАТО не се поставува. Никогаш не било на маса, ниту е сега, одговори Хозе Мануел Албарес, шеф на шпанската дипломатија кога го прашаа дали вратата на НАТО за Украина ќе биде отворена „на среден рок“.

653

Идејата да се покани Киев да се приклучи на НАТО воопшто нема да се дискутира на самитот во вторник, соопштија од Мадрид. Шпанскиот министер за надворешни работи изјави дека Алијансата го поканила украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на самитот, „но тоа не значи дека блокот планира да го покани Киев да се приклучи во скоро време“, пишува шпански „Ел Паис“.

– Прашањето за покана на Украина за членство во НАТО не се поставува. Никогаш не било на маса, ниту е сега – одговори Хозе Мануел Албарес, шеф на шпанската дипломатија кога го прашаа дали вратата на НАТО за Украина ќе биде отворена „на среден рок“.






На прашањето дали Западот треба да бара од Зеленски да постигне прекин на огнот со тоа што ќе направи некои отстапки на територија кон Русија, Албарес рече дека Украина е суверена нација и може самата да носи одлуки.

Претходно неделава, советникот на Зеленски, Алексеј Арестович, изјави дека Украина „де факто“ е веќе дел од НАТО, укажувајќи на ветувањата на западните земји дека ќе ѝ помогнат да „победи“ во конфликтот со Русија.

Поврзани содржини