УКРАИНА НЕМА ДА ПОПУШТИ ПРЕД РУСКИТЕ УЛТИМАТУМИ Тие на Русија нема да ѝ донесат никакви резултати

Украина нема да може да го исполни ултиматумот. Ние физички нема да можеме да го направиме тоа. Како може да се направи тоа? Сите ние мора да бидеме уништени, тогаш автоматски ќе се исполни нивниот ултиматум. На пример, тие велат: Дајте ни го Харков, дајте ни го Мариупол, дајте ни го Киев. Ниту жителите на Харков, ниту жителите на Мариупол, ниту жителите на Киев, ниту претседателот не можат да го направат тоа, истакна Зеленски.

335

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за европските медиуми изјави дека Украина никогаш нема да попушти пред ултиматумот од Русија и градовите како Киев, Мариупол или Харков нема да прифатат руска окупација. Според него, „ултиматумите нема да донесат никакви резултати на Русија во војната со Украина“.

– Украина нема да може да го исполни ултиматумот. Ние физички нема да можеме да го направиме тоа. Како може да се направи тоа? Сите ние мора да бидеме уништени, тогаш автоматски ќе се исполни нивниот ултиматум. На пример, тие велат: Дајте ни го Харков, дајте ни го Мариупол, дајте ни го Киев. Ниту жителите на Харков, ниту жителите на Мариупол, ниту жителите на Киев, ниту претседателот не можат да го направат тоа – истакна Зеленски.






Тој ги посочи примерите со Мелитопол и Бердјанск, чии жители пружија отпор откако руските влегоа во овие градови.

Поврзани содржини