УКРАИНА НЕМА ДА ИЗВЕЗУВА СТРУЈА Нападот врз централите ја принуди земјата прво да ги реши домашните проблеми

Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралите и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, ја принудија Украина од утре да го прекине извозот на електрична енергија со цел да го стабилизира сопствениот енергетски систем, се вели во соопштението на украинското Министерство за енергетика.

387

Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по огромниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура.

„Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралите и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, ја принудија Украина од утре да го прекине извозот на електрична енергија со цел да го стабилизира сопствениот енергетски систем”, се вели во соопштението на украинското Министерство.






Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко изјави дека денешниот напад врз енергетскиот систем е „најголем во досегашниот тек на војната”.

Во телевизиско интервју, тој рече дека руските ракетни напади „на целиот наш синџир на снабдување беа извршени на тој начин што префрлањето на други извори да е што е можно потешко”.

Поврзани содржини