УКРАИНА НÈ ПРИТИСКА ЗА ВОЈНА ПРЕКУ НАФТВОДОТ „ДРУЖБА“ Орбан не сака да се приклучи на коалицијата „про-војна“

Орбан тврди дека Киев го запрел транзитот преку „Дружба“, а Будимпешта предупредува дека поради тоа мора да посегне по стратешките резерви и одбива да се приклучи на, како што вели, „провоена коалиција“.

241

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина ја уценува Унгарија со запирање на протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, поради што Будимпешта мора да ги ослободи своите стратешки резерви.

Во видеообраќање објавено на „Фејсбук“, Орбан рече дека прашањето ќе биде прва точка на дневниот ред на владината седница.






– Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“ – изјави Орбан.

Тој додаде дека, според него, целта е да се изврши притисок врз Унгарија да ѝ се приклучи на, како што рече, коалицијата на провоени европски земји.

– Постои огромен притисок во Европа да се продолжи војната, а Украина сака сите европски земји, вклучително и Унгарија, да ѝ се приклучат. Денес сè уште се бориме со ова – рече Орбан.

Унгарија се снабдува со руска нафта преку јужниот крак на „Дружба“, кој минува низ украинска територија.

Поврзани содржини