УКРАИНА НАПАДНАТА ВО САЈБЕР-ПРОСТОРОТ Истовремено Русите вежбаат на Истокот
И додека веќе се шпекулира дека се работи за масло на руските служби, она што е потврдено е дека во исто време Русија изненадно ја извади на теренот својата војска во нова воена вежба наречена „Исток 2022“, ден по неуспешните преговори со НАТО и западните сојузници во Женева и во Брисел неделава.
„Украинци! Сите информации за вас ќе станат јавни. Плашете се и очекувајте го најлошото“.
Ваква порака се појавила на вебсајтовите на неколку украински Министерва и на Државната служба за итни случаи утринава, објави АФП. Таа била напишана на три јазици: руски, полски и украински. И додека веќе се шпекулира дека се работи за масло на руските служби, она што е потврдено е дека во исто време Русија изненадно ја извади на теренот својата војска во нова воена вежба наречена „Исток 2022“, ден по неуспешните преговори со НАТО и западните сојузници во Женева и во Брисел неделава, јавува Б92.
Ukraine’s MFA, MOD, State Emergency Service, Cabinet of Ministers, and Ministry of Education sites all hacked/defaced https://t.co/zXfCUaVOo4 pic.twitter.com/gsX4KSw13y
— Pwn All The Things (@pwnallthethings) January 14, 2022
Каква ќе биде окупацијата на Украина, ако таа се случи?
Откинувањето на интернетот и комуникациите дефинитивно би биле дел од стратегијата на Москва. Друг аргумент дека зад нападот навистина стојат Русите е дека земјата имаше долга историја на пречкања со САД дека руските хакери се мешале во изборите на кои победи Доналд Трамп и низа други сајбер-напади.
Утринава портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олех Николенко, потврди дека сè оди во таа насока. Тој за украинските медиуми изјави дека е рано да се носат заклучоци, но дека „евидентирана е долга листа на руски напади врз Украина во минатото.“
„Исток 2022“ ќе се бори со Западот
Во меѓувреме, „Исток 2022“ ги зголемува тензиите. За време на вежбата ќе биде тестирана способноста на руската армија да оперира на долги растојанија низ Русија, пренесува РИА Новости. Посебно внимание ќе им се посвети на можностите на транспортната инфраструктура за прекинувачки сили и опрема.
Светот на готовс, санкции за Русија
Да потсетиме, тензиите меѓу Украина и Русија се на врвот, поради што целиот свет е во состојба на готовност. Русија во неколку наврати беше предупредена дека ќе претрпи сериозни последици доколку нападне која било територија на Украина, додека официјална Москва ги отфрла сите обвинувања против неа, тврдејќи дека НАТО одамна ги прекршил сите договори со тоа што се проширил до руските граници.