УКРАИНА ИЗВРШИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ РУСИЈА Мети биле фабрика за експлозиви и руски воен аеродром

Руските власти потврдија преку каналите на Телеграм дека овие области биле цел на ноќен напад со беспилотни летала.

384

Украинските сили ги нападнаа инфраструктурата на воениот аеродром во руската област Липецк и фабриката за производство на експлозиви во регионот Нижни Новгород, објави Генералштабот на армијата во Киев.

Руските власти, исто така, потврдија преку каналите на Телеграм дека овие области биле цел на ноќен напад со беспилотни летала.






Украинскиот Генералштаб додаде дека сѐ уште го истражува обемот на штетата.

Поврзани содржини