УКРАИНА И РУСИЈА СЕ ПРЕД ИСТОРИСКИ ДОГОВОР Конечно се гледа крајот на војната

Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата - истакна Трамп.

618

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор.

Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса.






– Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата – истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“.

Поврзани содржини