УКРАИНА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Ќе ги тужи земјите што забранија увоз на украински производи
Украинскиот трговски претставник Тарас Качка, истакна дека Киев планира да возврати со мерки против увозот на полско овошје и зеленчук.
Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка за забрана на увоз на украински земјоделски производи, изјави украинскиот трговски претставник Тарас Качка во интервју за Политико.
Забраните на владите на трите централноевропски земји имаат за цел да го заштитат сопственото производство и земјоделците од увоз на жито од Украина, по руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море.
-Важно е да се докаже дека овие постапки се правно погрешни. И затоа утре ќе започнеме правна постапка – рече Качка.
Тој нистакна дека Киев планира да возврати со мерки против увозот на полско овошје и зеленчук.
-Ќе бидеме принудени да возвратиме со дополнителни производи, а тие би забраниле увоз на овошје и зеленчук од Полска – изјави Качка.
Трите земји се побунија против Европската комисија, која минатиот петок одлучи да дозволи продажба на украинско жито низ ЕУ.