УКРАИНА ГО ПРИФАЌА НАЦРТОТ, САМО УШТЕ ДА СЕ ИСПЕГЛААТ ДЕТАЛИТЕ? Киев може да ја ограничи војската на 800.000 лица
Американски функционер за Би-Би-Си изјави дека „само уште неколку технички детали треба да се прецизираат“, а потоа би следела официјална средба меѓу претседателите Доналд Трамп и Володимир Зеленски во САД. Притоа, „Фајненшал Тајмс“ објави дека Украина прифатила услов според кој нејзината армија ќе биде ограничена на 800.000 војници.
Украина, по речиси четири години војна, конечно го прифати нацртот на мировниот договор што го предложиле Соединетите Американски Држави. Според западни извори, во Женевa било постигнато начелно согласување меѓу делегациите на Вашингтон и Киев, јави Ројтерс.
Американски функционер за Би-Би-Си изјави дека Украина го прифатила нацрт мировниот договор што го предложиле Соединетите Американски Држави „само уште неколку технички детали треба да се прецизираат“. Потоа би следела официјална средба меѓу претседателите Доналд Трамп и Володимир Зеленски во САД.
Киев не ги коментираше овие тврдења, ниту Белата куќа ја потврди можноста за какви било разговори меѓу Зеленски и Трамп.
Сепак, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров денеска на социјалните мрежи објави дека Зеленски може да ги посети САД во следните неколку дена со цел да го финализира договорот.
Притоа, „Фајненшал Тајмс“ објави дека Украина прифатила услов според кој нејзината армија ќе биде ограничена на 800.000 војници, пренесува хрватски Индекс.
Меѓутоа, остануваат неразрешени прашања поврзани со можните територијални корекции и гаранциите за долгорочна безбедност на Украина. Според изворите, конечниот потпис ќе зависи од директната комуникација меѓу Зеленски и Трамп.
Ако се постигне договор, тоа би било првпат откако започна војната Украина да прифати формални ограничувања на својата армија и да влезе во рамка што ја водат САД, наместо НАТО.
Од друга страна, Белата куќа сè уште нема потврдено конкретен датум за средбата, но американските претставници најавија дека во меѓувреме ќе имаат разговори со руската делегација во Абу Даби за да се усогласат последните точки од мировниот план.
Ројтерс пишува дека разговорите во Абу Даби веќе се во тек.
„Точната содржината на разговорите не е позната, ниту кој бил во руската делегација. Американски функционер изјави дека се очекува американскиот секретар за одбрана Ден Дрискол, кој се појави како клучен човек за дипломатските напори на САД во Украина, да се сретне и со украински претставници за време на престојот во Абу Даби“, се вели во статијата.
