УКРАИНА ГИ НАПАДНА МОСКВА И ЗАПАДНА РУСИЈА Киев истрела серија дронови
Руската противвоздушна одбрана уништила најмалку еден дрон насочен кон Москва, објави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, на социјалната мрежа Телеграм.
Украина синоќа истрела серија беспилотни летала кон Москва и кон западниот дел на Русија. Во нападите нема настрадани луѓе, ниту е причинета сериозна материјална штета, соопштија локалните власти.
„Руската противвоздушна одбрана уништила најмалку еден дрон насочен кон Москва“, објави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, на социјалната мрежа Телеграм.
Остатоци од дрон предизвикале мали пожари во Липецка област, западна Русија.
Во Брјанска и Орловска област, западна Русија, противвоздушната одбрана уништила неколку беспилотни летала.