УКРАИНА ЌЕ ЈА ЧИНИ ЕУ 120 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Фицо предупредува на катастрофални последици од прекинот на руски гас
Според словачкиот премиер, одлуката на Украина ќе има сериозни економски последици и ќе ја доведе Европа во финансиска криза.
Прекинот на испораката на руски гас преку Украина ќе има огромни последици за Европската унија, која ќе се соочи со загуби од дури 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година. Ова го изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, кој нагласи дека одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на транзитот на руски гас ќе ја чини Европа значително.
– Европската унија ќе загуби околу 50 милијарди евра поради недостигот од гас, додека дополнителни 70 милијарди евра ќе бидат изгубени поради проблемите со електричната енергија што се произведува од гас – објасни Фицо.
Според него, оваа одлука на Украина ќе има сериозни економски последици и ќе ја доведе Европа во финансиска криза.
Тој истакна дека овие штети ќе се чувствуваат особено во Словачка, преку која транзитира рускиот гас, но и во другите европски земји кои зависат од овие испораки. Проблемите со снабдувањето со енергија се очекува да ја зголемат цената на гасот и електричната енергија во Европската унија и да предизвикаат нови економски тешкотии.