УКРАИНА ДОБИ НОВ КОМАНДАНТ НА АРМИЈАТА Кој е „снежниот леопард“?

852

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Александар Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако Валериј Залужни беше разрешен од функцијата.

Сирски е една од клучните фигури во Украина од почетокот на руската инвазија. Неговото воено име е „Снежен леопард“.






Сирски е роден во јули 1965 година во руската област Владимир, која тогаш беше дел од Советскиот Сојуз. Тој живее во Украина од осумдесеттите години на минатиот век.

Како и многу луѓе на негова возраст во украинските вооружени сили, студирал во Москва – во Вишата воена командна школа – меѓу врсниците кои оттогаш станале руски команданти.

Дипломирал во 1986 година и служел пет години во Советскиот артилериски корпус. Некои воени аналитичари веруваат дека неговата тактика на бојното поле ја одразува неговата советска обука.

– Го назначив генерал-полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина – соопшти Зеленски.

Тој додаде дека од денска раководењето со украинската армија го презема нов тим.

– Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдиевка и во Генералштабот – рече Зеленски.

Според него, Сирски има „успешно одбранбено и офанзивно искуство“ бидејќи, како што наведува, водел одбранбена операција во Киев и операција за ослободување во Харков.

Поранешниот началник на Генералштабот на украинската армија, Валериј Залужни, беше разрешен претходно денеска, соопшти украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Залужњи (50) стана врховен командант на украинската армија неколку месеци пред руската инвазија во февруари 2022 година. Под негова команда, украинските трупи спречија целосна инвазија и подоцна вратија некои окупирани територии.

Во април во 2022 година беше прогласен за херој на Украина. Во јули, истата година, испланира и изведе молскавична контраофанзива која ги истисна руските сили од Харков и повторно беа заземени делови од земјата на истокот и југоистокот.

На почетокот на минатата година, Сирски ја предводеше одбраната на Бахмут, битка во која загинаа илјадници војници на двете страни. Тој порача дека упорната украинска одбрана на Бахмут нанела штета на севкупните воени напори на Русија, така што била совладата „Вагнер“ групата.

Во изјава за западните медиуми тој изјавил дека спие по четири и пол часа на навечер и се опушта со посета во теретана. Сирски е оженет и има два сина.

Поврзани содржини
na