УКРАИНА ДЕ ФАКТО Е ЧЛЕНКА НА ЕУ Да го запреме уништувањето на европските вредности

Зеленски повика за понатамошни санкции на ЕУ против Русија и на испорака на „повеќе оружје, модерно оружје“.

241

Украина де факто е членка на Европската Унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, при денешното видеообраќање во Парламентот во Луксембург, јави германската новинска агенција ДПА.

– Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми – додаде Зеленски.






Без да го спомне по име рускиот претседател, Владимир Путин, Зеленски побара да „се запре оваа индивидуа од уништување на европските вредности“.

– Доколку не успееме заедно да го запреме овој човек, тогаш овие часови се темни, темни часови, што ние веќе ги доживеавме во Втората светска војна – истакна украинскиот претседател.

Зеленски повика за понатамошни санкции на ЕУ против Русија и на испорака на „повеќе оружје, модерно оружје“.

Поврзани содржини