УКРАИНА БАРА ЕУ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ НА ИРАН Камиказе-дроновите со кои Киев беше гаѓан се ирански

Украинските власти денеска соопштија дека Киев утринава четири пати бил гаѓан со ирански беспилотни летала кои оштетиле станбена зграда. Гаѓана е и железничката станица. Од минатиот понеделник Русија спроведува нов бран напади врз украински цели, при што често користи дронови од иранско производство.

181

Украина денеска побара од Европската унија дополнителни санкции за Иран по неколкуте напади врз Киев со ирански беспилотни летала-„камикази” што ги користи руската армија.

„Треба да се воведат санкции против Иран поради испорака на беспилотни летала за Русија“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.






Украинските власти денеска соопштија дека Киев утринава четири пати бил гаѓан со ирански беспилотни летала кои оштетиле станбена зграда. Гаѓана е и железничката станица. Од минатиот понеделник Русија спроведува нов бран напади врз украински цели, при што често користи дронови од иранско производство.

Истовремено, Вашингтон денеска се закани дека ќе ја казни секоја компанија или земја што соработува со иранската програма за беспилотни летала, по неодамнешните руски напади врз цели во Украина со беспилотни летала за кои се верува дека се од иранско производство.
– Секој што спроведува активности со Иран поврзани со развој на беспилотни летала или балистички ракети или е вклучен во движењето на оружје од Иран во Русија, треба да внимава – рече портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.

 

– САД нема да се двоумат да прибегнат кон санкции или да преземат акција против главните одговорни -рече тој.

Според него, целиот свет треба да гледа на зајакнувањето на врските меѓу Русија и Иран како сериозна опасност.

Повикувајќи се на информации од американските разузнавачки служби, портпаролот рече дека се покажало дека некои ирански дронови продадени на Русија лошо функционираат.

Според него, фактот што Русија ја снабдува Иран сведочи за огромниот притисок врз Русија по загубите во Украина и дека сега е принудена да прибегнува кон недоверливи земји како Иран за набавка на опрема.

Најмалку осум лица загинаа во руските напади со помош на беспилотни летала камикази утринава, од кои четворица во Киев, а енергетските капацитети беа оштетени во неколку области, една недела по серијата напади врз Украина, исто така во голема мера извршени со беспилотни летала.

Меѓу другото во Иран во моментов се случува голема револуција за правата на жените. Иранските власти мораат да се справуваат со жените кои протестираат по улиците.

Европската унија денеска воведе санкции за моралната полиција во Иран и министерот за информации на таа теократска исламска земја за нивното учество во насилната пресметка со учесниците на масовните антивладини протести кои траат со недели поради смртта на 22-годишната Маша Амини по приведувањето поради неправилно носење шамија.
Меѓу 11-те санкционирани се и двајцата главни раководители на иранската полиција за морал, Мохамад Ростами и Хаџахмад Мирзеи. Нивните средства се замрзнати во сите земји од Европската унија, а исто така им е забрането да патуваат таму.
Поврзани содржини