УКРАДЕНО МАСЛО ОД МАРИХУАНА ВО ВРЕДНОСТ ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА? Пратеникот Ковачки го открива криминалот во Алдинци

Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана, порача пратеникот Драган Ковачки.

1,346

Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во “5 летерс” кај Алданци, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

На социјалната мрежа Фејсбук, Ковачки го сподели сознанието со јавноста.






„Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана“, порача Ковачки.

Поврзани содржини