УКРАДЕНО Е ВОЗИЛО НА ЈП „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“ Возачот го оставил клучот на брава

Возилото било со скопски регистарски ознаки и во сопственост на ЈП „Државни патишта“, а Б.Т. признал дека го оставил возилото со клучот на брава.

1,731

Вчера попладне, околу 16 часот, 56-годишниот Б.Т. од Гостивар пријавил во полиција дека на улицата Ѓорче Петров му било одземено патничкото моторно возило „хјундаи“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Возилото било со скопски регистарски ознаки и во сопственост на ЈП „Државни патишта“, а Б.Т. признал дека го оставил возилото со клучот на брава.






„На 15.12.2021 во 16.10 часот во СВР Скопје, Б.Т.(56) од Гостивар пријавил дека во 16.00 часот на улицата Ѓорче Петров било одземено патничко моторно возило хјундаи, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавно претпријатие ’Државни патишта‘ – Скопје, кое било оставено со клуч на брава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Поврзани содржини