УКРАДЕНИТЕ СКАПОЦЕНОСТИ ОД ЛУВР ВРЕДАТ 88 МИЛИОНИ ЕВРА Се надеваме нема да им текне екстремно глупавата идеја да ги стопат, вели париска обинителка

Прашана дали е можно внатрешно соучество во рамките на најпосетуваниот музеј во светот, обвинителката Лор Беко одговори дека во оваа фаза не може ниту да потврди ниту да негира.

101

Штетата од кражбата на накит од музејот Лувр минатиот викенд е околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко.

– Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колкава е историската штета – рече Беко.






Обвинителката процени дека крадците нема да ги заработат наведените 88 милиони евра, особено не ако им текне „екстремно глупава идеја“ за топење накитот.

– Можеме да се надеваме дека ќе размислат и нема да ги уништат скапоцените камења без причина – рече Беко.

Кога станува збор за истрагата, таа потврди дека се анализираат сите отпечатоци од прсти од местото на злосторството, наведувајќи дека постои можност криминалците кои го извршиле грабежот да имале голем број тимови за поддршка околу нив.

Прашана дали е можно внатрешно соучество во рамките на најпосетуваниот музеј во светот, Беко одговори дека во оваа фаза не може ниту да потврди ниту да негира.

Таа рече дека покрај судиите од Меѓурегионалната специјализирана надлежност на париското обвинителство кои ја водат истрагата, на случајот работата и стотина истражители од Париз.

Во неделата претпладне, околу 9.30 часот, 4 лица провалија во познатата галерија Аполон на првиот кат во музојот Лувр, користејќи механичка скала монтирана на возило.

Крадците го исекле безбедносното стакло и зеле 9 предмети од непроценлива културна вредност. Еден од нив, круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон Трети, бил пронајден на самото место, а се претпоставува дека им паднал на сторителите при бегството.

Поврзани содржини