УКРАДЕНИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВОЗИЛО ЗА ТРАНСПОРТ НА ДРЖАВНИ ПАРИ Српската полиција истражува дали друмските разбојници имале крт
Украденото возило е најдено запалено во местото Јабланица. Досегашните информации наведуваат дека станува збор за добро планирана и професионално изведена акција, со цел да се уништат трагите.
Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнето во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија српските медиуми.
Во инцидентот нема повредени, а според неофицијални информации на српските медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. Засега нема официјално соопштение од МВР на Србија.
Според првите информации, комбето се движело на релација Крагуевац – Нови Пазар и во еден момент двајцата обезбедувачи застанале кај некоја продавница.
– Едниот член од обезбедувањето излегол од возилото и влегол во продавницата. Во тој момент, вооружен разбојник му пришол на комбето и му наредил на другиот член од обезбедувањето да го стартува возилото. 35 минута подоцна разбојникот го исфрлил членот на обезбедувањето надвор и му го зел пиштолот – пишуваат дел од српските медиуми.
Други медиуми пишуваат дека маскираните разбојници им се заканиле со оружје на обезбедувачите и ги натерале да го напуштат блиндираното возило.
Обезбедувањето веднаш повикало полиција која го нашла запаленото комбе без парите. Сомнежите се дека крадецот со своите соучесници избегал кон Косово.
Украденото возило е најдено запалено во местото Јабланица. Досегашните информации наведуваат дека станува збор за добро планирана и професионално изведена акција, со цел да се уништат трагите.
Полицијата врши увид, блокирано е поширокото подрачје на Нови Пазар и на Рашка и се контролираат сите излегувања од градот.
Извори блиски до истрагата наведуваат дека се работи за организирана криминална група, која имала прецизни информации за движењето на возилото и за времето на транспортот.
Полицијата почнала да ги прегледува надзорните камери долж трасата, а се проверува и дали кражбата имала внатрешни помагачи.