УКРАДЕНИ 16 СЛИКИ ОД ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ Прва кражба во „Матица Ексклузив“ од седумдесеттите години навака

По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар, наведуваат од Матица Ексклузив.

328

Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години.

– По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар – наведуваат од Матица Ексклузив.






Од министерството за внатрешни работи ја потврдија гражбата на 16 уметнички дела и дека се работи за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

– На 27.06.2022 во 00:53 часот во Полициската станица Центар, Р.П.(72) од Скопје пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 25.06.2022 до 23.55 часот на 26.06.2022 во негова книжарница на улица „Ѓуро Стругар“ во Скопје било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени шест уметнички слики. Исто така, денеска во 12:00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во истата книжарница денеска повторно било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени уште 10 уметнички слики – велат од МВР.

Поврзани содржини