УКРАДЕН ФУРГОН НА АРМ Исчезна возило на Армијата од сервис во Гази Баба

Од МВР велат дека веднаш се преземени мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

1,903

Товарно возило сопственост на Армијата на Република Македонија (АРМ) било украдено од автосервис во скопската општина Гази Баба.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, кражбата била пријавена утринава околу 08:40 часот во СВР Скопје од страна на сопственикот на сервисот, С.А. Според пријавеното, во текот на ноќта на 27 кон 28 април 2025 година било одземено товарното возило „Ивеко Дејли – фургон“, кое било оставено за сервисирање. Освен возилото, украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „Мазда“ што исто така се наоѓало во сервисот.






Од МВР велат дека веднаш се преземени мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

„Преземаме активности за расветлување на настанот и пронаоѓање на украденото возило“, информираат од полицијата.

Поврзани содржини