УКИНУВАЊЕТО НА БАЛАНСЕРОТ ГО БАРА ЕУ Ако сакаме да чекориме по европскиот пат, мора да правиме реформи – така е тоа во политиката, рече Мицкоски
Сакаме да одиме во ЕУ или не сакаме сега? Ако сакаме да одиме таму, тогаш треба некогаш да ја прифатиме и таа работа којашто можеме да ја прифатиме, а тоа во случајов е Балансерот, односно да се направат реформи. Тоа е политиката којашто треба да ја водиме, а ако не сакаме тоа е друга работа, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
„Нашиот став, не е став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кога ќе го отворите скрининг извештајот ќе видите дека тоа е став на Европската Унија“, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа во Собранието од Балансерот.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека Балансерот изминатиот период бил злоупотребуван посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните.
– Ако сакаме ние да правиме реформи за што самата Европска Унија вели дека треба да правите реформи тогаш една од реформите е и ова. Во која што тие велат дека времето на Балансерот измина, бидејќи бил предмет на многу злоупотреби во минатото посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните. И тоа не е став на ВМРО, став на ВРЕДИ, став на ЗНАМ, на СДСМ, ДУИ или не знам која друга политичка партија. Тоа е став на Европската Унија. Сакаме да одиме таму или не сакаме сега? Ако сакаме да одиме таму, тогаш треба некогаш да ја прифатиме и таа работа којашто можеме да ја прифатиме, а тоа во случајов е Балансерот, односно да се направат реформи. Тоа е политиката којашто треба да ја водиме, а ако не сакаме тоа е друга работа. Треба да кажеме кога треба да се менува име, кога треба да се ставаат овие во Устав и оние, тогаш нема проблем тогаш сме за Европа. Но кога не треба тоа, кога треба нешто друго да се прави е тогаш не бива работава – изјави премиерот.
Комисијата во Собрание треба да ја гледа правичната застапеност, додаде тој.
– Правичната застапеност и под правична застапеност вие немате само етничка имате и родова односно полова, да бидам попрецизен да не се заглавам во родовите политики на некои претходници – рече Мицкоски.