УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Aпелациониот суд во Ниш соопшти дека го упатува предметот на повторно одлучување „пред совет со целосно изменет состав“. Притоа во соопштението вели дека судот ќе нареди истрагата да се дополни со нова реконструкција на случајот со повторно испитување на мајката на девојчето.

4,595

Aпелациониот суд во Ниш го укина обвинението за убиството на Данка Илиќ (2), според кое за ова тешко кривично дело се обвинети Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, а за прикривање на Радослав Драгијевиќ, пренесуваат српските медиуми.

Пред тоа, Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението, но бранителите на обвинетите поднесоа жалби до повисокиот степен кој го усвои предлогот и предметот го врати на одлучување во првостепениот суд.






Aпелациониот суд соопшти дека го упатува предметот на повторно одлучување „пред совет со целосно изменет состав“. Притоа во соопштението вели дека судот ќе нареди истрагата да се дополни со нова реконструкција на случајот со повторно испитување на мајката на девојчето.

„…судот ќе нареди истрагата да се дополни со спроведување на реконструкција врз основа на 31, став 3 од ЗКП исказот на секој обвинет поединечно, особено врз основа на исказот на мајката на детето И.И. која требаше повторно да биде сослушана како сведок, сето тоа под идентични метеоролошки услови, време од денот и со идентични меѓусебни позиции на зградите и паркираното возило во дворот од куќата на оштетената . И.И. во населба „Бањско поле“ и позициите на службените возила 3 на улицата кај куќата-пасиште“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини