Укината забраната за летови од и до Велика Британија

Исто така се укинува и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.

507

Владата на Република Северна Македонија на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година.

Исто така се укинува и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.






Инаку, мерката беше воведена поради појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија и Ирска.

Поврзани содржини