УКИНАТА ЗАБРАНАТА ЗА КАМИОНИ НА ЃАВАТО И НА ПАТОТ МАВРОВО-ДЕБАР Снег паѓа на превојот Буково

АМСМ информира дека сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот.

161

На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 8.20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Претходно во 7 часот беше укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.






АМСМ информира дека сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово, Ресен, Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поврзани содржини